Приведени 60 лица за предизвикување пожар на отворен простоир до денес, регистрирани вкупно 2,080 пожари

Дури 60 лица се приведени за предизвикување пожар на отворен простоир до денес, регистрирани вкупно 2,080 пожари, поднесени 36 кривични пријави. Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност.

Воедно од МВР известуваат дека во периодот од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до денес 29 септември без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми.

Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.

Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите.

Иван Митев, М-Нет