Почина 63-годишниот возач од Штип, кој вчера беше повреден во сообраќајната несреќа на патот Штип–Радовиш

Почина 63-годишниот возач од Штип, кој беше повреден во сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Штип–Радовиш

Како што беше пријавено вчера во СВР Штип во 02:50 часот, на магистралниот пат Штип-Радовиш се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу два патнички автомобили. Во несреќата учествуваше возач од Штип, 63-годишниот М.К., кој управувал со возилото „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, и 21-годишниот К.Ѓ. од Штип, кој управувал со возилото „сеат“ со пробиштипски регистарски ознаки.

Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од возилото „сеат“, 21-годишниот Ф.Ѓ. од Пробиштип, кои биле пренесени во Клиничката болница Штип. За жал, денеска 63-годишниот М.К. почина од повредите добиени во несреќата.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип, а случајот продолжува со истрага.

Иван Митев, М-Нет