
Денеска се одбележаа 25 години од издавачката дејност на земјоделскиот факултет при УГД Штип. Пред присутните беше презентирано се она што е истражувано и публикувано во претходните 25 години.
„Во изминатиот период имаме богата издавачка дејност која вклучува истражување на научниот кадар, како од нашиот факултет така и од сите релевантни институции од државата и странство, но и публикации и истражувања на студенти од прв, втор и трет циклус на студии“ – вели Арсов.
Седум години од 2000 до 2007 се објавувал зборник на трудови на институот, за во наредните години до 2016 година да се публикуваат годишни зборници на трудови. Пресвртница има во 2017 година кога зборникот се трансформира во меѓунардоно списание кое се публикува до ден денеска.
„Од 2000 до 2007 година објавувавме зборник на трудови на институот, но со формирањето на универзитетот во 2007 до 2016 публикувавме годишни зборници на трудови на земјоделскиот факултет. Пресвртница имавме во 2017 година кога годишниот зборник го трансформиравме во меѓународно списание. Списанието е реномирано, индексирано и до денес го објавуваме како меѓународно списание. Почетокот на овој месец го публикувавме последниот волумен, волумен 23 кој се однесува токму на 25 години од издавачак дејност на нашиот факултет“ – вели Колева – Гудева.
Обајавувањето на зборниците и периодничните списанија имаат огромна улога, бидејќи таму постдипломците и докторантите ги објавуваат своите резултати од своите докторски и магистерски турдови.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет