
Човечки фактор причина за најголем дел пожари, приведени 56 лица за над 2000 огнени инцинденти за само пет месеци. Во овој период од 1 април до 23 септември, на ниво на државата се забележани вкупно 2.012 пожари, според податоците на МВР, по што се поднесени 32 кривични пријаци за овие случаи. Причините за пожарите се различни, но најчесто поради негрижа, а многу често и поради намерно дејствување. Откако на 1 јули оваа година беше воведена забраната за движење во шуми , дури 27 лица биле затекнати на терен. И занив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно законот за шуми.
Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат и дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.
Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите.
Иван Митев, М-Нет