Приведен 51 годишен пробиштипјанец, се заканувал на неговата мајка и сопруга

На 21.09.2025 во 11:40 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Д.Д.(51) од Пробиштип, по претходна пријава дека околу 11:00 часот во семејниот дом со остар предмет им упатувал закани на неговата мајка и неговата сопруга. За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.