
Радовишани утре ќе имаат нова можност да проследат уште еден репрезентативен натпревар, репрезентацијата на Македонија до 17 години ќе одигра нов пријателски натпревар против Кипар, а кој се игра на Градскиот стадион во Радовиш со почеток од 13 часот.
Овие две репрезентации се соочија вчера, откако Кипар со минимални 0:1 славеше над Македонија.
Веќе утре Македонија ќе има нова шанса за позитивен резултат против Кипар, а радовишани одново да следат репрезентативен фудбал.
Претходно, во текот на месец септември репрезентација на Македонија до 19 години се соочи со Босна и Херцеговина, откако претходно цели 30 години радовишани чекаа на репрезентативен натпревар. Во далечената 1995 година репрезентацијата на Македонија до 21 година се соочи со Бугарија во меч кога Македонија славеше со убедливи 7:2.
Одличната организација и подобрувањето на самата инфраструктура на Градскиот стадион во Радовиш е потврда од ФФМ со тоа што се играат репрезентативни натпревари токму на овој стадион, а не е исклучена можност во иднина да се организираат и други вакви натпревари во Радовиш од репрезентативен карактер.
Александар Ванев, М-Нет