Во Кочани рекорден број пријавени кандидати за градоначалник, во Чешиново-Облешево осум советнички листи

Во Кочани рекорден број пријавени канидати за градоначалници за престојните избори кои ќе се одржат на 19 октомври годинава. Шест кандидати влегуваат во трката за градоначалничката фотелја. Дополнително има и девет поднесени листи за советници. Политичките апетити се зголемија во Кочани по трагедијата во дисоктеката Пулс. Освен политичките парии во трката за градоначалник влегуваат и двајца независни кандидати. Интересна ќе биде и ситуацијата во кочанскиот Совет со оглед на фактот дека има поднесено и независни листи на советници.

Од друга страна во Македонска Каменица за градоначалник ќе се борат двајца независни кандидати и кандидати предложени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Во општините Штип, Карбинци, Пробиштип, Чешиново – Облешево, Зрновци, Делчево и Виница за градоначалник ќе се борат само канидатите од двете најголеми партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, додека во Пехчево и Берово во трката влегуваат и канидати од Левица.

Интересна е сликата и со поднесени советнички листи. Најмногу поднесени советнички листи има во Штип, 11, па потоа во Кочани девет. Во општина Чешиново Облешево каде советот брои 9 советници, има поднесено осум советнички листи за престојните локални избори.

Рокот за поднесување листи за кандидати за градоначалник и советнички листи истече во саботата на полноќ.

За овие избори во општините од Истокот може да се забележи дека застепни се и жените повеќе споредбено со претходните градоначалнички избори. Во општините Кочани, Македонска Каменица и Карбинци има предложени кандидати за градоначалници жени.

Во Општина Делчево пак четири носители на листи на советници се жени.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет