,,Ценкање“ на денешниот пазар во Штип, цените за граѓаните скапи, за производителите реални

Скапи или реални цените на денешниот пазарен ден во Штип. Иако во пол ек започна сезоната за правње зимница, сепак граѓаните децидни, цените се високи, па затоа најверојатно оваа година теглите ќе бидат празни. И додека од една страна производителите се жалат за слабото производство, сепак од друга страна купувачите реални, на средина од месецот паричникот речи си празен.

Производителите од карбинско, овој петок велат дека цените според нив се реални. Додаваат дека попуштаат колку што можат, но сепак купувачите незадоволни.

Инаку, овој петок особено се бараше доматот, кој најевтино можеше да се најде до 50 денари за килограм. Се бараше и грозјето, но и лубениците, на кои пополека и одминува сезоната.

Иван Митев, М-Нет