Осогово против Скопје на домашен терен, Саса по прв триумф во Неготино без право на грешка!

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 4. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло носи интересни двојки. Колото се отвара во сабота со седум натпревари, а се затвара во недела со натпреварот во Струмица под рефлектори.

Брегалница ќе игра одново на домашен терен на Градскиот стадион во Штип против Новаци, тим кој сигурно е дека во Штип ќе има што да каже, а од друга страна „сините“ како фаворити ќе треба да ја потврдат таа фаворитска улога со уште една сигурна победа на патот по кој успешно чекорат кон Првата лига.

Во Гевгелија очекуваме интересен натпревар, каде Кожуф како домаќин ќе атакува на нов триумф и продолжување на победничката низа со одлични резултати против Преспа, која после двата порази во претходното коло ја декласираше Победа со 5:0. Двете екипи ги гледат трите бодови како цел, а тоа може да понуди отворен фудбал со погодоци.

Осогово и Скопје ќе се соочат на Градскиот стадион во Кочани, каде „жетварите“ ќе бараат враќање на победите после поразот во претходното коло од Охрид, а од друга страна Скопје кој испушти два гола предност против Шкендија Арачиново и мораше да се задоволи само со бод во Кочани доаѓа на поправен и само со три бодови ќе биде задоволен.

Победа е сериозно „разнишана“ и ќе има големи предизвици и искушенија со новата сезона, повеќе од јасно е дека прилепчани ќе бидат тешка борба за опстанок, а в сабота на домашен терен ќе се соочат против фаворитот Охрид. Екипата на Победа има притисок за триумф и три бодови, а пак Охрид кој е претенден за висок пласман не смее да погреши.

Шкендија Арачиново како голем фаворит на домашен терен ќе игра против Големо Коњари каде повеќе од јасно е дека трите бодови ќе останат дома.

Тетекс се враќа на Градскиот стадион во Тетово, а тоа за нив ќе биде причина повеќе после големиот пораз во Штип да се вратат на победничките патеки и да ја добијат Слога Виница на својот дом. Гостинот од Виница го очекува тежок меч.

Каменица Саса не тргна според планот во новата сезона и притисокот за прва сезонска радост се зголемува, „рударите“ ги очекува незгодно и тешко гостување кај Вардар Неготино, каде и двете екипи ќе сакаат победа во битката за директен опстанок. Саса не е во посакувана форма, а пак Вардар ќе го користи домашниот терен и тој момент за триумф.

Колото се затвара во недела со натпреварот под рефлектори од 19 часот меѓу Беласица и Детонит Плачковица, дерби на Истокот. Беласица сака Прва лига, струмичани покажуваат дека имаат амбиции со тоа што играат натпревари под рефлектори, а од друга страна Детонит Плачковица кој е во комплетно променет лик ќе сака позитивен исход од овој тежок меч и продолжување на серијата позитивни резултати.

Александар Ванев, М-Нет