
Започна увидот во опожарената фабрика во Виница, Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани ќе работи на случајот, по настаниот пожар во фабриката ,,Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Како што стои во соопштението на јавното обцинителстов на Македонија, увидните дејствија ќе продолжат и во текот на следните денови, бидејќи како што велат во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат. Истовремено се поставени и противпожарни возила за заштита на плинската станица, која не беше зафатена од огнот. Во текот на утрешниот ден на увид на лице место е повикано да пристуввува и вешто лице- електроинжинер. Во меѓувреме, обезбедени се снимки од видео надзор и се преземаат други дејствија за испитување на настанот. Инаку, пожарот се слчи во саботата на 6 септември во 18:30 минути, а во истиот целосо изгоре еден погон со три модерни автоматизирани линии за производство на наполитанки, вафел барови и тортички, заедно со два магацини од кои еден за суровини и еден за готови производи во главна фабрика Винчини во Виница.
Иван Митев, М-Нет