Септември останува најскап месец во годината, зимница, училиште и дрва – граѓани без пари

Септември и понатму останува најскап месец во годината. Правењето зимница, подготвка на децата за во училиште, снабдувањето со огревно дрва – ги остава граѓаните без денар во џеб. Анкетираните граѓани на терен во Штип велат месецот со една плата или пензија тешко да се помине, па ако неккогаш по три дози се правело ајвар, денеска само една. Се оди од продавница до продавница да се најде поевтин зејтин, тетратка за училиште.

Поголем дел од повозрасните граѓани децидни дека зимницата станува луксуз. Или се намалува правењето ајвар или воопшто не се прави. Се штеди и на дрва и на се останато на што може за да се преживее месецот.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет