
Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Општина Штип, Павел Иванов, започнува со остварување средби со граѓаните. Целта е да се слушнат потребите на штипјани и да се излезе во пресрет на решавање на нивните проблеми.
„Како кандидат за градоначалник ќе остварам средби со вас граѓаните, се со цел да ги слушнам вашите потреби, проблеми, секако и решенија за подобра и функционална општина.“ – вели Иванов.
Заеднички да се придонесе за почист и поубав Штип, Иванов повика граѓаните активно да се вклучат во маалските средби за напредок на градот.,
Оваа слика можеме и мораме заеднички да ја промениме затоа што Штип го заслужува тоа. Верувам дека секој граѓанин знае што е потребно за напредок на нашата општина.“ – додава Иванов.
Целта на ваквите активности е програмата за работа да се прави согласно потребите и проблемите со кои се соочувале граѓаните.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет