
По четири одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига само две се максимални со по 12 освоени бодови. Силекс е на врвот од табелата, а пак втора е Струга Трим Лум.
На третата позиција е Вардар кој има десет бодови, а пак Шкендија е четврта со седум бодови, но шампионот од Тетово има меч помалку, бидејќи натпреварот со Работнички е одложен поради европските обврски на тимот од Тетово.
Седум бодови има и Башкими кој се наоѓа на петтата позиција, а пак Пелистер е шести со шест бодови.
Македонија ЃП по трите порази се израдува на првиот триумф откако го доби Пелистер, па со тоа „лавовите“ се на седмата позиција со три бодови.
Арсими, Тиквеш и Македонија ЃП по четири кола немаат триумф, имаат скор од два порази и две ремија или по два освоени бодови.
На претпоследното место е Работнички со еден бод, но има меч помалку тој со Шкендија, а пак Шкупи е последен на дното од табелата без ниту еден освоен бод.
Силекс е единствениот тим кој нема примено погодок односно прволигашот од Кратово има чиста мрежа, а најмногу погодоци постигнаа екипите на Силекс и Вардар односно по 12 постигнати погодоци. Екипата на Работнички останува единствена која нема постигнато погодок.
Александар Ванев, М-Нет