Арсими домаќин на Силекс, Башкими и Струга во неизвесно соочување!

Овој викенд на програмата ќе бидат натпреварите од 4. коло на Првата македонска фудбалска лига, а во рамки на истото ќе се одигра и скопско дерби меѓу Шкупи и Вардар, но останува прашањето дали стадионот во Чаир ќе биде опција бидејќи на истиот немаше имплементирано ВАР технологија, а токму поради тоа Шкупи службено го загуби мечот со Силекс.

Екипата на Арсими ќе игра на домашен терен против перфектниот Силекс, дебитантот ќе бара прв триумф, а пак Силекс ќе оди на четири од четири.

Во Куманово ќе се одигра неизвесен натпревар меѓу повратникот Башкими кој има одличен старт во Првата лига против Струга Трим Лум, поранешниот шампион има одличен старт со три од три, а ќе бара четири од четири.

Македонија ЃП нема старт каков што посакува како повратник во елитата, откако нанижа три порази од три натпревари. „Лавовите“ ќе ги бараат првите бодови против Пелистер, кој после големиот пораз од Вардар врза две победи во низа.

Тиквеш и Брера Струмица ќе се соочат во Кавадарци и ќе ја бараат првата победа во новата сезона, двете екипи немаат старт каков што посакуваат, па само победа ќе биде опција за да можат и двете екипи да стигнат до прво сезонско славје.

Во рамки на 4. коло ќе се соочат Работнички кој не игра според формата од ланската сезона против актуелниот шампион Шкендија.

Александар Ванев, М-Нет