Осогово домаќин на Преспа, Саса ќе бара триумф против Победа, Брегалница на „незгодно“ гостување кај Вардар Неготино

ФОТО: М Нет телевизија

Овој викенд на програмата ќе бидат натпреварите од второто коло на Втората лига, а кое коло носи неколку возбудливи дуели.

Екипата на Брегалница ќе ги има „незгодно“ гостување кај Вардар Неготино, на терен кој важи тежок за освојување на бодови, а токму Брегалница минатата сезона во пролетниот дел загуби на „Цвај Арената“ и на тој начин го загуби и чекорот за Прва лига.

Осогово на домашен терен пред својата публика ќе го пречека новиот второлигаш Преспа од Ресен каде „жетварите“ ќе сакаат триумф, а пак гостинот да го поправи впечатокот после големиот пораз во првото коло.

Каменица Саса оди на гостување во Прилеп каде ќе игра против Победа која е „разнишана“ и во една неизвесна ситуација. „Рударите“ иако на гостински терен ќе имаат фаворитска улога поради тоа што во Победа ситуацијата е многу нестабилна, а опстанокот ќе биде прва опција, но ќе биде навистина тешко за поранешниот шампион на Македонија.

Кожуф на домашен терен ќе ги одмери силите против Новаци, домашниот терен секако ќе биде предност за тимот кој го води Иван Варадиновски, а од друга страна гостинот кој тргна со позитивен резултат ќе сака уште една победа.

Екипата на Шкендија Арачиново ќе игра против Охрид ова ќе биде можеби и дербито на колото на двете екипи кои претендираат за висок пласман и влез во Првата лига. Охрид има отворени амбиции за Прва лига, а сезоната ја отвори со реми против Беласица во дербито на колото, а пак тимот од Арачиново имаше перфектен старт.

Слога Виница како повратник во лигата викендот ќе го одигра првиот меч како второлигаш пред својата публика против Големо Коњари, ова ќе биде соочување на двата лански третолигаши, а пак домашниот тим предводен од Емил Грнев ќе биде фаворит.

Детонит Плачковица ќе има ново гостување овој пат во Тетово кај Тетекс, во меч каде гостинот од Радовиш ќе сака нова победа, а пак „штофарите“ со поддршка од верните навивачи ќе атакуваат на триумф после поразот во Неготино.

Колото ќе се затвори во недела со мечот под рефлектори кој се игра во Струмица меѓу Беласица и Скопје. Дуел и соочување на два поранешни прволигаши кои претендираат за висок пласман и влез во Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет