Помор на риби во река Брегалница, кај Пенуш, рибарите бараат надлежните да реагираат

Помор на риби во река Брегалница кај Пенуш. Рибари кои во текот на вчерашниот ден отишле на реката забележале дека таа имаа млечно бела боја и тешка миризба, а рибите се бореле за живот. Ваквата слика се забележува и претходно велат рибарите, па бараат надлежните да излезат на терен и да расчистат ситуацијата со што ќе се заштити животинскиот свет.

„Сликата беше – реката цела млечно бела, помор на риби, странично се гледаше рибата како се бори за живот. Ова беше очигледно дека реката беше загадена. Дури имаше и лоша миризба“ – велат рибарите.

И додека од една страна реката се загадува, а рибите изумираат, од друга страна се бараат државни дозволи и се пишуваат казни за рибарите. Едно излегување покрај реката може да ги чини над 7000 денари, ако немаат дозвола од 8300 денари.

„Од друга страна ни бараат државни дозволи од 8300 денари, оти реката нема сега концесија.“ – додаваат тие.

Со загадување на реката Брегалница се уништува животинскиот и растителен свет, а се уништува и желбата на рибарите да се занимаваат со риболов.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет