Возач од Штип управувал возило со 252 км на час на дозволено 120 км на час, бил приведен

На 22.08.2025 во 18:35 часот на автопат „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишиле од слобода 36 годишник од Штип. При сообраќајна контрола полициски службеници констатирале дека штипјанецот управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 252 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.