
Ќе се прави ли ајвар оваа година, ајварската пиперка по 80 денари за килограм на пазарите. Ќе се соберат ли повотрно соседките да лупат, мешаат и пеат како порано. Цената скапа, ама меракот се уште голем. Некој ќе прават малку, други воопшто не, новите практики да се купи ајвар од продавница се почести, а според граѓаните најисплатливи. Дури 4000 денари ќе бидат потребни оваа година, само за пипер, плус модар домат, дрва, масло што чини, традицијата веќе се претвора во вистинска пресметка.
Но за вкусен ајвар, треба и добар рецепт. Повозрасните штипјанки на ум го знаат и среде ноќ. Повеќе пипер, помалку домати, а семките да се извадат по печењето.
Ајварот и понатаму е срцето на зимата, ама оваа година според граѓаните ќе биде тест за трпението и џебот. Традицијата не се предава лесно, но цените и тропоците ја ставаат на тешка проба. Ќе се брка ли меракот или ќе победи пресметката?
Иван Митев, М-Нет