Утре последна шанса за упис во средно образование, стартува електронското пријавување

Утре последна шанса за упис во средно образование, стартува електронското пријавување на учениците, кои не успеале да се запишат во првиот уписен рок. Пријавувањето ќе се одвива онлајн во текот на целиот ден, а веќе во петок до 10 часот ќе бидадт објавени конечните листи на учениците. Како што истакна директорката на СОУ ,,Коле Нехтенин“ Јованка Шалева, потребните документи за пријавувањето се извод од матична книга на роденте и свидетелствата од основно образование.

,,На 21 август учениците ќе имаат можност да се пријават, доколку не успеале да се запишат во јунскиот уписен рок. Во текот на целиот ден е електронското пријавување, а веќе на 22 до 10 часот ќе бидат истакнати и конечните и крајни листи на пријавени ученици. Исто како и претходниот уписен рок изводот од матичната книга на родени, како и свидетелствата од основното образование.“, истакна Шалева

Но, тимови од наставници сепак ќе има на располагање во самото училиште, со цел да помоигнат на оние, кои што од било каква причина не успеале да се пријават од дома.

,,Како и секоја година , ние како училиште сме отворени да им помогнеме на сите оние ученици кои што од било каква причина не успеале да се пријават од дома, ние ќе имаме поставено тимови од наставници, кои што ќе им помогнат да електронски аплицираат и да се пријават во нашаето училиште.“, додаде Шалева

Инаку, како што потенцираат од самото училиште, во текот на целиот ден утре ќе биде електронското пријавување, а веќе од 22 – ден петок ,ќе бидат истакнати конечните листи на ученици. Потребните документи и овој пат се извод од матична книга на родени, како и свидетелствата од основното образование.

Иван Митев, М-Нет