
Хибриден модел на клинички центар во Штип, како предлог инвестиција на претеседателката Гордана Силјановска-Давкова. Денес од Штип таа потенцираше дека градот има извонредна локација, добра инфраструктура и државен универзитет во чиј состав влегува и медицнискиот факултет, пропратен со болница и студентски дом. Според нејзината изјава, ваквата инвестиција би придонела за обнова за да заживее државата и како што рече таа запустената и раселена источна Македонија.
,,Зошто да не може НАТО клиничен центар, според врните стандарди на алијансата, кој што во мирнодопски услови би им бил на располагање на македонските граѓани, а во услови на евентуален конфликт, би бил медицински центар за потребите на НАТО алијансата. Зошто еден хибриден модел на клинички центар не би бил изграден овде во Штип. Во град со извонредна стратешка локација, добра инфраструктура, државен универзитет во чиј состав велгува и медицинскиот факулт, пропратен со болница и студентски дом. Чинам вакви инвестиции би придонеле за обнова за живување на зпустена иселена и раселена источна Македонија.“, рече Силјановска- Давкова
Источна Македонија одамна чека на вистинска шанса за развој и обнова. Со предлогот на претседателката Силјановска Давкова за хибриден клинички центар во Штип, може да се отвори можност за нов почеток. Прашањето што останува е – дали навистина постои оваа можност за да се промени животот на регионот?
Иван Митев, М-Нет