Нема да има меч под рефлектори во второто коло на ПМФЛ, истото се отвара во петок се затвара во понеделник!

Второто коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во четири денови, ќе се отвори во петок, а ќе се затвори во понеделник, а втората рунда ќе помине без натпревар под рефлектори.

Во првото коло „вечното дерби“ меѓу Вардар и Пелистер се одигра под рефлектори на арената „Тодор Проески“ во Скопје, но сега во рамки на второто коло сите натпервари ќе се играат во дневен термин од 17 часот.

Колото ќе биде отворено во петок со два натпревари. Дебитантот Арсими ќе го одигра првиот меч на домашен терен против Струга Трим Лум пред верната публика која со нетрпение го очекува овој натпревар. Тимот од Чегране кој испиша историја, се подготвува за првиот меч на домашен терен како прволигаш и повеќе од јасно е дека градскиот стадион во Гостивар ќе биде исполнет до последното седиште со публика.

Тиквеш на домашен терен ќе се соочи со Вардар одново пред својата публика и пред ведните „Лозари“, а за Тиквеш ова ќе биде втор меч во низа на домашен терен, бидејќи и сезоната ја започна со натпревар на домашен терен.

Во сабота на програмата ќе бидат два натпревари. Македонија ЃП ќе игра против актуелниот шампион Шкендија, а пак Работнички ќе биде домаќин на повратникот Башкими.

Во недела ќе се одигра само еден натпревар, екипата на Шкупи ќе игра против Силекс, но останува прашање на кој стадион, бидејќи стадионот во Чаир се уште нема имплементирано ВАР технологија.

Во понеделник колото ќе се затвори со натпреварот во Струмица, каде Брера ќе игра против Пелистер.

Александар Ванев, М-Нет