
Штипски Астибо предводен од тренерот Дејан Величков ја темпира формата за новата во женската Суперлига. Клубот веќе околу две недели е во тренажен процес, преку кои се подига формата со цел клубот максимално подготовен да влезе во новата сезона.
Како што веќе информиравме клубот досега се засили со искусната голманка Кристина Младеновска Кузманоска, потоа со младата и талентирана голманка Хани Чобанова, а останува и младата и надежна Ана Насева, а нови имиња во штипскиот клуб се Клементина Ѓурческа, Мила Филипова, Марија Бојковска и Ангела Петровска, а клубот ја задржа Елена Димова, а останува и искусната Марија Анчева.
Како што вели тренерот Дејан Величков за М Нет телевизија, подигањето на формата оди одлично, новите засилувања се вклопуваат во новата средина, а планирано е одигрување и на неколку пријателски натпревари преку кои ќе се провери формата.
Новата сезона во женскиот ракомет носи неколку новитети. Формирата е Прва женска лига, а Астибо ќе биде дел од Суперлигата, каде ќе настапат осум екипи, а ќе се одиграа 28 кола, без да има плеј-оф и плеј-аут, што ќе понуди неизвесна и борбена сезона со одлични дерби натпревари.
Стартот на новата сезона е закажан за 5 односно 6 септември, а новата сезона екипата на Астибо ја отвара на домашен терен во Штип против Спартак.
Во рамки на првото коло Пелистер ќе игра против Чаир, шампионот Ѓорче Петров ќе игра против Куманово, а пак Металург Автокоманда ќе се соочи со Вардар.
Александар Ванев, М-Нет