
Главна причина за високите цени во маркетите се услугите и транспортот, потенцираше денес премирот Христијан Мицкоски во својата изјава. Тој е дециден доколку само се ограничи маржата кај одреден број производи, таа потоа ќе се прелева во следните месеци. Вели дека владата ги следи ситуациите и затоа се прават анализи и се внимава многу за да се донесат нови мерки.
,,Ако ги исклучиме храната процесуирана и останатиот дел производи кои што се дел од тој синџир, како зеленчукот, ќе видиме дека најголем дел генератори на оваа инфлација се практично транспортните услуги и генерално услугите во целина. Кај овошјето имаме огромно зголемување, двоцифрено. Тука мислам на јаболките, бананите, лимоните и тн. Одиме ставка по ставка, детал по детал, додека не дојдеме до конечната одлука – што понатаму?. Нашата пракса покажала дека ако само ја ограничиме маржата кај одреден број производи, посебно кога зборувам кај прехрамбените, таа потоа се прелева во следните месеци и на крајот се сенивелира, не сакаме да западнеме во таа замка. Ги следиме случувањата во регионот, почнувајки од Хрвтаска, Босна, Србија, Бугарија, Грција и од прилика инфлацијата во јули е мегу 4 и 5 проценти.“, рече Мицкоски
Зголемените плати и пензии прават притисок врз побарувачката, додаде Мицкоски. Рече дека со побарувачката е очекуванано и покачувањето на цените.
,,Тоа значи дека зголемените плати и пензиите, кои номинално се зголемија прават притисок врз побарувачката, а овие кои што ја нудат таа цена нормално да ја качуваат., се до оној момент кога конзументите имаат пари да ја платат. Многу сме вниманителн и во делот на носење на мерки, така што очекувам оваа анализа да биде брзо готова и ќе бидеме внимателни. Илјадници производи се анализираат за да дојдеме до решение.“, додава Мицкоски
Во моментот акцент се става на училишната кошничка, додаде дополнително премирот Мицкоски. Потенцираше дека на Владата и надлежните им е потребно само уште малку простор за да може да се донесат трајни решенија.
Иван Митев, М-Нет