Потребата за егзистенција е главната причина поради која Ванѓелина Пармачка и нејзиното семејство од село Будинарци, беровско одлучуваат да се занимаваат со одгледување на овци. Речиси три децении напорно работат и денеска имаат околу 700 грла овци. Произведуваат и сирење, за што е потребно многу работа и вложен труд, ама проблем е што во моментот нема работници. Иако платата која се нуди надминува илјад евра месечно никој не сака да работи и да се занимава со сточарство.

„Со одгледување на овци се занимавам уште од детски години, ама интезивно кога се омажив. Немавме егзистенција за опстанок, тогаш немаше вработување и се одлучивме да работиме земјоделие. Прво чувавме околу 20 овци, а понатаму бројот растеше и сега имаме околу 600 до 700 грла овци. Напорно е, тешко е, треба многу упорност. Пред 15 години имаше работна рака, имаше работници. Сеега работници ни требаат ама нема“ – вели Пармачка.
Дополнителен проблем се и климатските промени, Зимите студени и суви, летата со многу пожари па трева речиси и да нема. Тие се принудени овците да ги чуваат дома и да хи хранат во шталата.
„Ние сме на такво место каде што зимите се многу суви и ладни и мора да се инвестира повќе дополнително економски во строчарството, а летата има многу пожари. Овците одат на пасење само по еден два часа, трева нема никаде и сме принудени да ги храниме овде во шталата на јасли.“ – додава Пармачка.
Иако има помош и од страна на државата, таа помош не е доволна, па како што вели Пармачка, се помалку луѓе се одлучуваат да работат земјоделие и сточарство, со што стока речиси и да нема. Вели решение да се инвестира повеќе за да се привлечат младите да работат сточарство во својот роден крај,