Тиквеш со странско засилување, Еурофарм Пелистер подобар од Мешков Брест, Котевски ќе работи во Грција, Куманово сака изненадување!

ФОТО: РК Вардар

Ракометниот суперлигаш Тиквеш за новата сезона се засили со повремен репрезентативец на Црна Гора, а кој доаѓа од вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Се работи за Богдан Мијушковиќ, 22-годишен лев бек кој веќе има искуство со настапите во македонскиот ракомет. Претходно, новото засилување на тимот од Кавадарци настапуваше за Добова.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер одигра пријателски натпревар со Мешков Брест, а кој тест меч го доби македонскиот тим со 30:29, а на полувреме беше 16:13 за тимот на Еурофарм Пелистер.

Овој натпревар беше и прв за новиот тренер на битолскиот тим, деби на Рубан Гарабаја, кој е наследник на Раул Алонсо.

Македонскиот шампион е во Златибор, а потоа се враќа во Македонија, каде ќе настапи на турнирот во Охрид.

Македонскиот ракометен тренер Андријано Котевски кариерата ја продолжува во Грција, каде ќе го води тимот на Аминтас кој се натпреварува во Втората грчка лига. Претходно, македонскиот стратег ги водеше екипи на Пелистер, Ѓорче Петров и Деспина.

Куманово гради тим со кој ќе сака на прави изненадување во новата сезона од Суперлигата, а тоа секако ќе биде да се стигне до место кое води во плеј-офот. Како што вели новиот стратег Аце Станковски, првите четири места се „резервирани“ за Вардар, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Охрид, но како што додава тој и Куманово има свои амбиции, а тоа ќе биде да се стигне од петтото или шестото место кое води во плеј-офот.

Новата сезона екипата на Куманово ја отвара на домашен терен против Радовиш, а сезоната стартува на 6 септември.

Александар Ванев, М-Нет