
Второлигашот Брегалница започна со одигрување на пријателски натпревари со цел темпирање на формата за новата сезона која треба да започне на 23 август.
На градскиот стадион во Штип, Брегалница предводена од искусниот стратег Влатко Костов со 2:0 го доби тимот на Вардар Неготино.
Во првите 45 минути мрежите беа чисти, а во вториот дел Ристе Темелков во 71. минута го отвори резултатот за водство на Брегалница од 1:0, додека пак во 80. минута Еди Мандак ги постави конечните 2:0.
Веќе е познато и како ќе изгледа Брегалница. На голот се врати Давид Денковски, капитенската лента сега е кај Стефан Коцев, се врати и Анџело Николовски, останува Благој Хаџи-Кимов, се вратија Стефан Костов, Дарко Алексовски, Дино Михолов, нов играч е Виктор Серафимовски, повратник е Бобан Георгиев, останува Давид Калпачки, а ново засилување е Дамјан Масевски.
Во новата сезона дресот на Брегалница ќе го носат и Никола Филевски, Мартин Димоски кој е повратник во дресот на Брегалница, потоа Даниел Карчевски, Горан Силјановски, Даријан Тасев, Лука Бојаџиев, Лука Георгиев, Бранимир Иванов, Петар Давитов, Дарко Митев, Ристе Темелков, Павел Штерјов и Еди Мандак.
Со овие играчи Брегалница истрча на вчерашниот натпревари, а се очекува официјална промоција на истите играчи, како што беше најавено на првата прес конференција, кога беше претставен новиот сопственик од Турција.
Брегалница новата сезона ја отвара против Кожуф на градскиот стадион во Штип.
Александар Ванев, М-Нет