
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе се отвори во петок со два дерби натпревари. Сезоната се отвара во Тетово со дербито меѓу актуелниот шампион Шкендија и Шкупи, а меч кој ќе започне во 17 часот.
Во петок од 20 часот под рефлектори на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра „вечното дерби“ меѓу Вардар и Пелистер.
Во сабота на програмата ќе бидат два натпревари, во Куманово од 17:30 часот соочување на двата лански второлигаши Башкими и Арсими, а во истиот термин Струга Трим Лум ќе игра со повратникот Македонија ЃП покрај Охридското Езеро.
В недела ќе има еден натпревар на програмата во Кавадарци од 17:30 ќе се соочат Тиквеш со Работнички.
Колото ќе биде затворено во понеделник во Кратово со мечот меѓу Силекс и Брера Струмица со почеток од 17:30 часот.
Ова е новитет во фудбалската елита на Македонија колото да се игра во четири дена со што љубителите на македонскиот фудбал ќе имаат можност да проследат повеќе натпревари во повеќе денови.
В петок свое деби ќе има и ВАР технологијата во македонскиот фудбал, која за првпат ќе се спроведува во домашниот шампионат.
Александар Ванев, М-Нет