Ајварот годинава ќе биде луксуз, цената на пиперот ќе биде над 70 денари

Ајварот годинава ќе биде луксуз, нема доволно пипер, а тоа што ќе го има ќе биде оган скапо. Земјоделците предупредуваат поради големите трошоци, слабиот квалитет и климатските услови, цената на ајварскиот пипер оваа година нема да падне под 70 денари за килограм. Ако цената е пониска, тогаш земјоделците велат дека нема да имаат сметка.

Ако треба да се купи два килограми, купувачите купваат еден килограм, истакнаа производителите. Велат дека ја разбираат и нивната ситуација, но сепак како што велат тешка е ситуацијата и од нивна страна.

Инаку, ако низ годините претходно ајварот беше традиција во секој дом, годинава ќе биде луксуз. Се што ќе се најде на тезгите ќе чини многу повеќе, а како што велат и самит земјоделци, годинава драстично е намалено производството, бидјеќи и тие се разочарани. Делумно ги напуштија нивите и заминаа во странство, а дел почнаа да се занимават со други гранки.

Иван Митев, М-Нет