Историја за Шкендија – обезбедена европска есен! Гол на штипјанецот Ване Крстевски за историска победа во Романија!

ФОТО: ФК Шкендија

Македонскиот шампион Шкедија испиша голема историја за првпат ќе игра во групна фаза на едно европско натпреварување, македонскиот фудбал по осум години ќе има европски претставник во групна фаза, успех кој во Македонија само Вардар го имаше кога играше во групата фаза на Лигата Европа.

Шкендија синоќа славеше со 1:2 во Букурешт над Стеауа од второто квалификациско коло во Лигата на шампиони и се пласираше во третото коло каде ќе се соочи со Карабах од Азербејџан.

Чисоти во 28. минута го отвори резултатот за водство на романскиот тим, а Љатифи израмни на 1:1 по само пет минути. Во вториот дел Шкендија направи пресврт со голот на штипјанецот Ване Крстевски кој погоди во 87. миунта откако претходно влезе во игра.

Во третото коло од квалификациите за ЛШ, Шкендија ќе игра со Карабах, а во случај на пораз и елиминација Шкендија ќе се пресели во плеј-офот од квалификациите за Лига Европа. Доколку и тука македонскиот шампион биде елиминиран ќе игра во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Во секој случај Шкендија обезбеди групна фаза од европските натпреварувања на УЕФА, нешто што му успеало само на Вардар.

Ова значи дека Шкендија ќе добие најмалку десет милиони евра, а оваа сума може да се зголеми во завиност од резултатите на Шкендија.

Александар Ванев, М-Нет