
Ракометниот клуб Радовиш вчера во СРЦ „25 Мај“ со првиот собир и првиот тренинг означи старт на подготовките за новата сезона која ќе започне на 6 септември.
Под водство на тренерот Александар Долдуров екипата на Радовиш ги започна подготовките, а притоа се договорени и неколку пријателски натпревари за проверка на формата пред почетокот на новата сезона во Суперлигата.
Радовишани договорија пријателски натпревар со штипски Текстилец, како и со Младост од Богданци, а ќе има уште неколку пријателски натпревари со други екипи со кои во текот на овие денови ќе се потврди датум и противниците за истите.
Клубот досега ги претстави Мартин Димов, Филип Сиљанов, Илија Табаков, голманот Даниел Ацев, како и Бобан Каковски, а радовишани ја продолжија соработката со неколку ракометари од минатата сезона.
Новата сезона Радовиш ја отвара против Куманово на гостински терен.
Александар Ванев, М-Нет