
Дрвата од дворот и бавчата на Јосифов Цане од село Уларци исчезнуваат преку ноќ. Неговата сестра вели, кради ги носат дрвата багрем и ги продаваат. Но, не само дрвата кои се наоѓаат во дрворот и бавчата, крадците влегле и во подрумот и помошните простории од каде украле се што можеле и им било потребно.
„Пумпа за прскање за оризите, три туби нафта, три акумулатори. Цела ноќ јас седам на терасата, они со колите поминуваат носат дрва и ги продаваат“ – вели Двачева.
Вели дека случајно налетала на крадците кои ги продавале дрвата кои ги украле од нејзиниот брат.
Од СВР Штип велат дека работат на терен на вакви и слични случаи со цел да се пронајдат сторителите на кражби и тешки кражби со што би се обезбедила и безбедноста на граѓаните.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет