
Нова официјална потрошувачка кошничка изработува Владата со цел да се добие реална слика за животните трошоци на едно просечно четиричлено семејство, истакна министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Во изјавата за медиумите, министерот посочи и на позитивниот тренд со инфлацијата. Во месец јуни рече дека е забележано нејзино намалување од 0,8 проценти, во споредба со мај кога изнесувала 1,5 проценти.
,,Пристапивме кон изработка на офизијална просечна потрошувачка кошничка. Целта е едноставна и суштинкска да се добие реална слика за животните трошоци за едно просечно четиричлено семејство. Охрабрувачки е што инфлацијата се намалува во месец јуни од месец мај. Во мај имавме 1,5 проценти инфлација, а во месец јуни се намалува за 0,8 проценти.“рече Дурмиши
Со ова се очекува ситуацијата со центе да се стабилизираат потенцираше Дурмиши. Истакна дека целта на оваа влада е да се подобри животниот стандард на граѓаните
Според министерот Дурмиши, се очекува стабилизација на цените, а со тоа граѓаните да имаат подобар животен стандар. Тој рече дека во новата кошничка има новитете кои ќе влијаат за ситуацијата.
Иван Митев, М-Нет