Куќи, сува трева и грмушки гореле во светиниколско, пожарот изгаснат, повредени нема


На 27.07.2025 во 15.08 часот во ОВР Свети Николе, било пријавено дека настанал пожар на патниот правец Свети Николе кон Скопје, кај исклучувањето кај Преод, при што горела сува трева и грмушки, а била зафатена куќа и викенд куќа. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Сцети Николе, а повредени лица нема.