Критично во беровско, се уште гори планината Готен, а гори и на границата со Република Бугарија

И понатами гори на планината Готен, најкритично е од радовишка страна. Со огнените стихии пожарникарите се борат речиси две недели, а поддршка има и од воздух. Од беровска страна пожарот е под контрола, велат од ЈП „Национални шуми“, но и таму не е целосно изгаснат.

„Ситуацијата е следна: овде дејствуваат двата ер трактори на ДЗС и еден полициски хеликоптер, има огромна маса на луѓе коишто го штитат местото пожарот да не се симне надолу. Работи механизацијата. Од страна на Берово работите се држат под контрола.“ – вели Михаилов.

Градоначаалникот на Општина Берово вели дека ситуацијата е критична. Вчеравчер на кризниот штаб се донесени заклучоци по кои би требало да се делува. Постои опасност пожарот да се приблизи кон првите населени места, и затоа не се исклучува можноста за евакуација на населението.

„Состојбата со пожарот е критична, зафаќа нови површини во Берово, а заштитниот појас е пробиен, побарана е поддршка и од повисоко ниво. Во моментот гори високостеблеста шума, но престои ризик пожарот да се симне кон првите населени места“ – вели Пекевски.

Гори и кај границата со Република Бугарија. Командирот на ТППЕ М. Каменица вели дека два ден се борат со огнените јазици и се надеваат дека во текот на денот пожарот ќе биде ставен под контрола.

„Краците во селото се ставени под контрола, сега горе пожарот кон границата со Република Бугарија. Има канадер кој ни е поддршка од воздух и се надеваме дека до крајот на денот пожарот ќе биде ставен под контрола.“ – вели Јовановски.

Гори високостеблеста шума, а пожарите во малешевијата причинуваат огромна материјална штета, се уништуваат белите дробови на државата.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет