
Во второлигашот Брегалница од Штип започнува нова ера по превземањето на клубот од новиот сопственик на клубот, Мурат Шамил Шен од Турција.
Еден новитет кој доаѓа е дека сите кои ќе бидат дел од Брегалница ќе потпишат договори со кој ќе нмаат никаков конктат со обложувањето.
„Исто така би сакал да соопштаме за уште една работа, за жал обложувањето е длабоко навлезено во спортот, а ние сме против тоа. Затоа направивме со помош на нашите правници договор кој сите кој што се поврзани со клубот ќе мора да го потпишат, вклучувајќи ме и мене. Сите ќе потпишат договор со кој ќе има согласност дека нема да имаат никаква врска или контакт со обложување и со тоа ќе се даде гаранција со целиот имот и се што се поседува, дека нема да се има никаков контакт со тие активности. Ние сме тука за спортот, а спортот мора да е спорт и чист“, рече Мурат Шамил Шен.
Брегалница со новото раководство и новиот стручен штаб предводен од искусниот стратег Влатко Костов од Штип, како и промени во играчкиот кадар ќе цели кон влез во Првата македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет