Движењето ЗНАМ ја започна својата кампања „Со срце за мојот град“ во Штип

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Штип ја започна својата кампња, „Со срце за мојот град“. Со поставени штандови на неколку локации во градот, тие собираат мислења од граѓаните, со цел да ја комплетираат нивната програма за Локалните избори. Како што истакнаа се работи на собирање мислења и идеи, но граѓаните мооже да ги кажат и своите незадоволства од претходните власти со цел да се подобрат работите и да се направт подобри услови за живеење во Штип.

„Движењето ЗНАМ Штип, ја започна својата кампања „Со срце за мојот град“. Низ градот веќе имаме повеќе пунктови кои се поставени и собираме мислење од граѓаните за да можеме да ја направиме нашата програма за престојните Локални избори. Ги повикуваме сите граѓани да дојдат да го кажат своето мислење и начинот на кој треба дабидат подобрени условите во нашата општина“ – додава Филипов.

Движењето ЗНАМ и во претходниот период активно на терен учествуваа во повеќе настани и активносноти со граѓаните.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет