
Бадијала пари кога децата веќе ги нема – родителите на починатите деца од Пулс на последниот Марш за ангелите, посочија декане се политички определени и дека парите кои им се нудат нема да ги вратат назад нивните деца.
„Правдата како што гледаме нема да излезе на виделина. Секој сака само да не нагазне уште повеќе и да не понижи нас како родители. Ова не е трагедија, ова е убиство. Ие не сме политички определени, и ние нашите деца не ги враќаме со пари. Пари има, децата ни ги нема.“ – велат родителите.
Барајќи правда за нивните деца, упатија апел да се суди праведно и да не се гради кариера врз починатите деца.
„Немој некој да мисле дека над мртвите деца кариера ќе градат. “ – додаваат родителите.
Претходниот период Здружението 16 Март 2025 Кочани истакна дека премиерот на средбата со родителиите кажал да си одредат цена колку чинат нивните деца. На тоа реагираа и од Влада посочувајќи дека не е вистина и дека се злоупотребува трагедијата во Кочани.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет