
Екипата на Текстилец од Штип и во новата сеозна 2025/2026 ќе биде дел од Првата ракометна лига, а во која учество ќе земаат 14 екипи.
Новопријавени екипи нема, остануваат екипи кои и досега беа дел од лигата, со тоа што во новата сезона нема да се натпреваруваат Металург РА како и Скопје, а нема ниту екипа која од Суперлигата испадна, со оглед дека Борец ФЛ од Велес беше исфрлен од Суперлигата, а пак Струга остана во елитата совладувајќи го прволигашот Мулти Есенс, а минатата сезона шампион беше Еурофарм Пелистер 2 и со тоа битолскиот тим направи експресен кам-бек во елитата.
Во однос на ланската сезона сезона во новата ќе има промет систем на натпреварување. Минатат сезона екипите беа поделени во две групи во регуларен дел, а потоа екипите играа плеј-оф и плеј-аут. Сега овој систем оди во историјата, со тоа што нема да има плеј-оф и плеј-аут, туку ќе има двокружен систем на натпреварување.
Ќе бидат одиграни 26 натпревари, по 13 дома и гости, екипата која ќе биде прва ќе биде прогласена во шампион и ќе има директен влез во Суперлигата, а пак екипата која ќе заврши на второто место ќе игра бараж со претпоследната екипа од суперлигашкиот плеј-аут.
Во следниот период ќе треба да се одреди распоредот за новата сезона и да се утврди датумот за почеток на првенството.
Покрај Текстилец од Штип во Првата ракометна лига во сеозна 2025/2026 ќе се натпреваруваат и Преспа Вардар од Ресен, амбициозниот Младост од Богданци кој се наметнува како прв фаворит за шампионскиот пехар, потоа Мулти Есенс кој лани преку бараж не успеа да се врати во елитата, Македонија ЃП, Драчево Јуниор, екипата на Аеродром, партзина од Гевгелија, струмички Астраион, Овче Поле од Свети Николе, Вардар Неготино, екипата на Кичево, Шампион и екипата на Јехона од Гостивар ќе ја сочинуваат Првата ракометна лига.
Александар Ванев, М-Нет