Едукација и многу активности преку игра – голем е интересот за летната школа во штипската библиотека

Многу забава, дружба, но и учење нови нешта нуди летната школа во штипската библиотека „Гоце Делчев“. Децата надвор од школските активности, за време на летниот распуст имаат множност квалитетно да го поминат своето слободно време, да учат преку игра и песна. Токму и затоа интерсот е се поголем од година во година.

„Интерес имаме многу голем, нудиме забавни активности, поучни, културни активности. Децата ги носиме и во други институции, во соработка со општината сега имаме закажано посета со градоначалникот. Моментално сме во работилница, со квизови. “ – вели Горгиев.

Оваа десета година по ред како се организира летната школа во штипската библиотека пријавени се 43 ученици. Главна цел е да се едуцираат заеднички и со држба. Дополнително оваа година се приклучении и извидниците како можност децата да имаат повеќе активности.

„Секоја година имаме голем број учесници, оваа година собравме 43 ученици. Смислата на летната школа во библиотеката е простор за едукација, заедништво – тоа е главната цел за да научат децата многу работи“ – додава Горгиев.

Дека летната школа нуди многу за секое дете, согласни се и учениците. Поголем дел од дечињата на летна школа одат секоја година.

Летната школа во штипската библиотека започна во вторникот, а завршува утре.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет