Шкендија Арачиново ја продолжи соработката со Дарио Десниќ, на позајмица доаѓа Јусуф Каба – договорени и пријателските натпревари!

ФОТО: ФК Шкендија Арачиново

Новиот второлигаш Шкендија од Арачиново за сезона 2025/2026 ја продолжи соработката со Дарио Десниќ кој останува верен на клубот и за следната сезона.

31-годишниот Десниќ е искусен голгетер кој во својата кариера има настапувано за Скопје, Вардар, Силекс, Тетекс, Кадино, Борец и Куманово. Во новата сезона се очекува Десниќ да биде одново клучен играч.

Второлигашот од Шкендија на позајмица од прволигашот Струга Трим Лум го добива Јусуф Каба, се работи за 21-годишен играч од среден ред, има настапувано за Охрид, Струга Трим Лум, Караорман и прилепска Победа.

Со екипата на Струга двапати ја освои шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига во сезона 2022/2023 и 2023/2024.

Клубот ќе одигра и шест пријателски натпревари за проверка на формата, три веќе се потврдени. На 23 јули Шкендија Арачиново ќе ја проверува формата со Каменица Саса, на 26 јули со прволигашот Шкупи, а пак на на 1 август Шкендија Арачиново ќе ја проверува формата со Беласица.

Дополнително клубот од Арачиново ќе ги објави противниците за следните три пријателски натпревари кои ќе служат за проверка на формата за новата сезона во ВМФЛ која стартува на 23 август.

Александар Ванев, М-Нет