
Поставен камен темелникот на најголемиот ветерниот парк во Западен Балкан кој ќе се простира на површина на општините Штип, Радовиш и Карбинци. Станува збор за инвестиција вредна половина милијарда долари и е предвидено да произведува еден терават час електирчна енергија на годишно ниво.
„Тоа што за нас е најважно тоа е дисциплината при работа. Ние денес ги поставуваме темелите со нашите партнери кој ќе изнесува над 500 милиони долари, ќе создаде 600 нови рааботни места и чиста средина“ – вели Калдерон.
Со поставувањето на камен темелникот на најголемиот ветен парк се предвидува Македонија да биде лидер на производство на зелена енергија на Балканот. Придобвиките од овој проект ќе бидат многунројни како за општините така и за државата.
„Во однос на економијата, тука имаме директен и индиректен инпакт, директниот е она што ќе се произведе и ќе се продаде, а индиректниот е многу поголем. Не само за придобвивките на трите општини туку за стоппаснството и индустријата“ – вели Николовски.
Новата странска инвестиција во обновливата енергија значи нови работни места, чиста животна средина и производство на зелена електирчна енергија.
„После една година тоа што тогаш го ветивме денеска добива завршница. Завршница на првата фаза. Тогаш најавивме инвестиција во обновливата енергија вредна половина милијарда долари.“ – вели Мицкоски.
Со изградбата на најголемиот ветерн перк во државата ќе се помогне и во обликување ба околината во која индустриите можат да растат конкурентно и одржливо.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет