
Второлигашот Каменица Саса ги започна подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига која ќе започне на 23 август.
Ростерот е речиси во целост сочува од ланската сезона, има само две заминување, Андреј Симевски во Охрид и Бурим Алиев во Шкендија Арачиново, останатите играчи ја продолжуваат верност и за новата сезона со екипата од Македонска Каменица.
Клубот ќе има неколку нови засилувања кои ќе бидат промовирани во следните денови со цел да се зголеми конкуренцијата во сопствените редови, а договорени се и пријателски натпервари.
„Рударите“ формата ќе ја проверуваат со Слога Виница, Шкендија Арачиново, Осогово и Беласица, а ќе се бара уште еден противник за генералка.
Нема промени ниту во стручниот штаб, останува Сашо Велиновски, а тука ќе биде и Горан Гоцевски.
Минатата сезона Саса одигра одлична сезона откако заврши на седмата позиција со 42 бодови колку што има и Охрид кој беше шести.
Александар Ванев, М-Нет