Македонија направи скок од пет места на најновата ФИФА ранг-листа!

Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од пет места на најновата ФИФА ранг-листа, по одличните натпревари во јунскиот прозорец од квалификациите за Светското првенство.

Македонија одигра нерешено со Белгија (1:1), а потоа со Казахстан во Астана на најдалечното гостување триумфираше со 0:1.

Ваквите одлични резултати значат скок од пет места на Македонија на најновата ФИФА листа, па така Македониај сега е на 62. место. Македонија напредуваше и на ФИФА листата ги помина репрезентациите на Албанија, Јордан, Буркина Фасо, Грузија и Обединетите Арапски Емирати.

На врвот е Аргентина, Шпанија е втора, Франција е трета, четврта е Англија, Бразил е петти, Португалија напредуваше за едно место и сега е шеста, а пак Холандија се спушта на седмото место, Белгија останува осма, Германија напредуваше за едно место и сега е деветта, а пак Хрватска има скок од едно место и сега е десетта, а пак Италија падна за две места и сега е на 11. место.

Србија е на 32. место со пад од едно место, Грција е на 39. место, Словенија е на 50. место со напредок од едно место, зад Македонија покрај Албанија која е 68-ма е и Босна и Херцеговина која е на 72. место со пад од две места, Црна Гора е на 77. место, Косово напредуваше за две места и сега е на 95. место.

Александар Ванев, М-Нет