
Се зголемува бројот на вработени во штипската Клиничка болница, со цел подобри услови за пациентите од Источниот регион. Претходниот период се склучија договори за вработување со 18 специјализанти, кои во наредниот период треба да помагаат во работните единци во својата специјалност.
„Заврши тој процес на прием на специјализанти, во моментот е склучен договор со 18 специјализанти од кои поголем дел се во втора половина на специјализација и се надеваме дека за шест месеци пет до шест колеги веќе ќе бидат специјалисти кои ќе можат да помагаат во работните единици на дадената специјалност.“ – вели Захариев.
Во меѓувреме на неопределено време ќе се вработат уште 18 лица, општи лекари, медицински сестри и фармацевти. Како што посочи директорот на болницата, Захариев. Се прават напори за да се објави и нов оглас пред се за вработување на технички персонал, бидејќи недостасува на речиси сите оддели при КБ Штип.
„Тоа е за 18 вработувања, од кои седум се за лекари по општа медицина, двајца фармацевти и девет медицински сестри. Во план ни е во координација со Владата и министерствтото за финасии ако се во можност да има и друг оглас кој ќе има поголем број на помошен медицински персонал.“ – додава Зхариев.
Проблемот со недостиг на перонал во болницата се провлекува со години, но се прават напори тој недостиг да се намали и да се вработат нови лица.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет