Има ли сообраќајна култура во Штип?

Се преминува каде ќе се посака, се користат телефони, не се погледнува лево и десно – сообраќајната култура на ниско ниво во Штип. Анкетирани граѓани сведочат за вакавата секојдневна ситуација од која и тие се разочарани. Велат покрај што се минува каде што ќе се посака, од друга страна пешаците минуваат со телефон во рака, што го зголемува ризикот за несакани случувања.

Многу често се дрифтува со автомобили, се вози на едно тркало со мопеди. Граѓаните додаваат дека и покрај казните, ваквите случувања се уште се активни.

Понатаму она што останува како прашање е дали сообраќајната култура во Штип може да стане подобра? Анкетата покажува алармантни податоци, но надежта сеуште постои.

Иван Митев, М-Нет