
Државата ќе покрива до шест обиди за ин витро оплодување. Законските измени што денеска ги претстави пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ предвидуваат поширок и поинклузивен пристап за сите граѓани кои се соочуваат со неплодност. Освен зголемувањето на бројот на обиди, се воведуваат и нови типови процедури, поедноставена апликација и пократки рокови за одлучување.
Покрај зголемувањето на бројот на обиди, измените го прошируваат и типот на оплодување што може да биде финансиран. Пациентите ќе можат да користат и донорски ембриони, јајце-клетки – нешто што досега не беше предвидено со државна поддршка.
Процедурата за пријавување ќе се врши електронски, со јасно утврдени рокови и поедноставен процес на одлучување од страна на Фондот за здравствено осигурување. Воведена е и формална жалбена постапка во случај на одбивање, како и подобрен административен и стручeн надзор.
Со ова, Македонија се доближува до европските стандарди, каде пристапот до репродуктивна медицина се смета за дел од основните човекови права. Наместо високи лични трошоци и стигматизација, државата ќе
презема активна улога во поддршка на своите граѓани.
Ова е повеќе од законска измена – ова е системско препознавање на реалноста на многу млади семејства, и чекор кон подостоинствен и солидарен здравствен систем.
Иван Митев, М-Нет