
Вкупно 1200 проекти ќе бидат финансирани преку двата повика за развој на општините, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски во својата изјава. Од нив, повеќе од 800 се во рамките на вториот повик, а остатокот се во првиот. Според премиерот Мицкоски, најголемиот дел од проектите се насочени кон Министерството за транспорт, додека значително внимание е посветено и на проектите за животната средина.
,,Можам да кажам дека вториот повик има повеќе од 800 проекти, најголемиот дел се во министерството за транспорт, некаде околу 600. Нешто повеќе од 120 во животна средина. Генерално во двата повика се околу 1200 проекти. Ова никогаш не се случило. Сега имаме друг проблем, а тоа е да видиме дали градежно ќе ги затвориме сите тие проекти, знаете 1200 градилишта кога ќе се додадат на оние постојни градилишта станува проблем. 20 милијарда денари се наменети само за локалната самоуправа, така што верувам дека оваа подршка е голем мотив и инспирација за градоначалниците.“, рече Мицкоски
Проектите ќе бидат целосно завршени, уверува Мицкоски. Потенцираше дека со истата динамика ќе се продолжи и после големата победа која тој очекува да се случи на локалнтите избори.
Сепак, премиерот ја нагласи и загриженоста поради можноста за преоптоварување на градилиштата, со оглед на големиот број на ново започнати проекти.
Овие инвестиции се значајна поддршка за општините и за градоначалниците, кои ќе имаат можност да ги реализираат овие проекти, со цел да се подобри инфраструктурата и животната средина во локалните заедници.
Иван Митев, М-Нет