
Од четврток значителен пад на температурите, во Штип највисоките до 28 степени.
Како што најави синоптичарот Јулијана Фиданоска Мишкоска, денес и утре граѓаните ќе бидат сведоци на топло време, со температури што ќе се искачат до 39 степени во Штип. При крај на утрешниот ден се очекува благ пад на температурите за 3 до 4 степени, а во четврток ќе се почувствува и пониска температура, предизвикана од продор на свежа воздушна маса од север. Но, посвежите температури нема да траат само неколку дена, најави Фиданоска Мишкоска
,,Денес се уште многу топло време, во Штип со максимална 38-39 степени. Во утрешниот ден за три до четири степени ќе има пониска дневна температура. Значителен пад на температурата ќе има во четврток, кога за Штип се очекува максималната температура да биде 28 степени. Ќе има стабилна временска состојба, но утре и во четврток поради продор на посвежа воздушна маса и од север со засилевн ветер, значи утре и во четврток ќе биде и ветровито. Веќе во деновите од викендот и повторно пораст на температурите.“ рече Фиданоска Мишкоска
Нови високите температури се очекуваат од почетокот на следната седмица, рече Фиданоска Мишкоска, во Штип околу 40 степени
Иако синоптичарите најавија пониски температури, сепак врнежи од дожд се уште не се очекуваат. Ќе има само ветер од северен правец во четврток и петок. Oд понеделник повторно борба со жештините.
Иван Митев, М-Нет