Денеска ден за молитва – се празнува Св. Наум Охридски, еден од најголемите светци на Македонската православна црква

Денеска ден за молитва – се празнува Св. Наум Охридски, еден од најголемите светци на македонската православна црква. Св. Наум не бил само светец, туку и личност што ја осветли духовната историја на Македонија и на Балканот. Неговото наследство живее не само во Охрид, туку и во срцата на сите македонци– верници, љубители на традицијата и историјата.

Денес, додека и во Штип се одбележува овој ден, граѓаните се потсетуваат на неговото дело и на неговото влијание, кое ги обединило сите македонци преку верата, мудроста и посветеноста

На денешен ден, празнувањето на Св. Наум Охридски не само што е прилика за верска и духовна рефлексија, туку и за потсетување на неговото влијание во историјата на Македонија и Балканот.
Сеќавањето на овој голем светец, кој оставил неизбришлив траг во културното и верското наследство, продолжува да живее и во нашето секојдневие.

Иван Митев, М-Нет