Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите од септември, на 15 јули ќе одат пред Влада

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите, наместо проценутално. Според нив, актуелните мерки за усогласување на пензиите, кои се засновани на процентуално зголемување, не се доволни и не обезбедуваат фер распределба на средствата. Со силен став денес тие го искажаа својот револт, а на 15 јули потенцираат дека ќе одат во Скопје за да разговаарт со премиерот.

Пензионерите велат дека воедно протестираат и за младите. Доколку покачувањето на пензиите е процентуално, истакнуваат дека ќе бидат оштетени идните пензионери.

И останатите пензионери од други градови го истакнаа револтот. И тие со силен став бараат линеарно покачување на пензиите.

Инаку, протсетот денес се одржа во Св. Николе, а на истиот присуствуваа пензионерите од сите градови. И понатаму ја бараат својата правда, која што на 15 јули ќе ја бараат и во Скопје.

Иван Митев, М-Нет